Македонија
28. December 2017 - 16:30

Бојкот на наставата во основното училиште ,,Св. Климент Охридски‘‘ во Охрид

Од утре бојкот на наставата во основното училиште Свети Климент Охридски. Родителите најавија дека нема да ги пуштаат своите деца на училиште се додека не се вратат двете учителки во прво одделение и еден дефектолог и логопед .Тие бараат директорката да ги повлече одлуките за престанок на работниот однос кои по завршувањето на договорите на дело, конкурирале на распишаните конкурси за вработување но биле одбиени.

Некои од децата првачиња кои се приврзале за својата учителка не сакаат да одат на училиште а дополнителен проблем има и кај децата со посебни потреби кои со години работат со дефектологот

Родителите потенцираат дека за овој проблем ќе бидат информирани надлежниот просветен инспекторат како и министерството за образование  додавајќи дека децата нема да одат на настава се додека не се исплонат нивните барања.Инаку директорката на училиштето истакна  дека својот став ќе го достави писмено  во текот на денот.