Фудбал
21. March 2019 - 17:37

Бојкот на дел од навивачите на Челзи поради менаџерот Сари

Повеќе од 400 сопственици на сезонски билети на Челзи ги оставија своите места на продажба за натпреварот со Вент Хем на 8 април, додека речиси 700 навивачи ги продаваат своите билети за натпреварот со Барнли на 22 април.

По разговори со други сопственици на сезонски билети, весникот Дејли меил нагласува дека тие нема да ги продаваат своите места, но не планираат да дојдат на стадион.

Навивачите се надеваат дека тие одлуки ќе ја поттикнат управат на клубот да размисли за останување на менаџерот Маурицио Сари на клупата на Челзи.

Челзи во неделата загуби од Евертон со 0-2 и е на четвртото место на табелата, на осум натпревари пред крајот на шампионатот, со четири бодови помалку од третопласираниот Тотенхем