Бојко Борисов: Членството на Македонија и Албанија во ЕУ е стратешка цел на Бугарија
Стратешка цел на Бугарија е членство на Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) Бојко Борисов на средба со претставници на подмладокот на неговата партија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, информирајќи дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, Борисов нагласи дека Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основа на односите на Бугарија со Република Македонија
Борисов на средбата со партискиот подмладок оцени дека начинот на кој техничката Влада на Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев сега преговараат со Македонија може да доведе до лош резултат за Софија или „ќе предизвика двете најблиски земји и нивните народи да се мразат во наредните децении“.
Тој апелираше до младите да сторат се што е можно со цел сегашните и идните генерации да не се мразат меѓусебе, при што го обвини Радев дека ја поделил Бугарија, предизвикувајќи поделби во општеството по прашањето за Македонија.
Борисов истакна дека мисли оти сегашните власти во Софија лажат, но повика да се почека до Европскиот совет, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.
– Пред тоа е Самитот на НАТО. Се надевам дека имаат храброст и вештини да ги водат преговорите што ќе ги направат двата народа на овие две соседни земји најпријателски, изјави Борисов.
Тој оцени дека во последните четири години, додека ГЕРБ беше на власт во Бугарија, неговата земја била лидер на Балканот.
– Политиката што сега се води ќе не натера да се замразиме, да се мразиме едни со други. Тогаш, зошто ќе ни се европски проекти? Влегувате во земја што не ве сака. Затоа јас и Зоран Заев се обидуваме работите да одат од долу нагоре, додаде Борисов.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово