Џет-Сет
1. October 2018 - 14:29

Бојана Атанасовска со емотивна порака за ќеркичката: „Вреди да се живее за оваа насмевка!”

Пејачката Бојана Атанасовска, која пред повеќе од една година стана мајка, деновиве објави фотографија на Фејбсук од нејзиниот сопруг и ќеркичката, под која напиша емотивна порака која ги разнежни фановите.
 
„Што да се каже, драги луѓе, вреди да се живее за оваа насмевка, дајте да не заборавиме да се смееме“, порача атрактивната пејачка, но и водителка, која во последните неколку години апстинира на музички план.
 
Инаку, Бојана е во брак со Васко Скендеровски, кој е директор на македонската футсал-репрезнатција и успешен бизнисмен.