Кошарка
27. July 2016 - 9:23

Бојан Трајковски исфрлен од репрезентацијата

 
Бојан Трајковски еден од клучните кошаркари во репрезентацијата на Македонија, е исфрлен од составот кој кон крајот на август и почетокот на септември ќе игра во квалификациите за Европското првенство. 
 
Во изјава за спортскиот портал „СпортМедиа’’ селекторот Драган Раца ја поврди информација, објаснувајќи ги причините поради кои Раца повеќе нема да смета на Трајковски кој пак изминатите неколку дена не бил присутен на тренинзите. 
 
„Немаше никаков проблем со Трајковски. Тој праша дали може да биде ослободен од саботните тренинзи бидејќи требало да биде кум на некоја свадба. Ние му дозволивме, но саботата помина, тој не се појави ниту во наредните два-три дена, и тоа е тоа. Веќе не сметам на него, дефинитивно" - изјави селекторот Раца.
 
Трајковски во отсуство на ветеранот Перо Антиќ, како и Предраг Самарџиски кој „поради повреда“ го откажа настапот за репрезентацијата, требаше да биде еден од клучните играчи, пред се под обрачите во сотавот на Македонија. 
 
Дали, можеби ќе дојде до „помирување„ за добро на националниот тим и Трајковски ќе биде вратен во тимот, останува да видиме во наредните денови, чекајќи официјален став од страна на канцаларирата на федерацијата