Македонија
4. October 2019 - 17:38

Бојан Јовановски останува во притвор

Боки 13 останува во притвор.. Апелациониот суд ја одби жалбата на Бојан Јовановски со која бараше да се брани од слобода.. Судиите утврдиле дека поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, не треба да се укине притворот за Боки 13.

Од Апелациониот суд објаснуваат дека со завршување на истрагата за Рекет, Јовановски не може да влијае врз сведоците, што беше една од причините заради кои е одреден притворот ама и понатаму постои можност осомничениот да побегне.. Боки 13 вчера на јавна седница во Апелациониот суд објаснуваше зошто треба да го напушти истражниот затвор.. Се пожали дека му е лоша здравствената состојба и рече дека треба да биде жив за да ја докаже својата невиност.. Инаку Јовановски вчера го продолжил увидот во доказите со кои обвинителството го сомничи за примање награда и перење пари.. Неговиот адвокат вели дека пред нив биле вештачењата од мобилните телефони на Јанева и Боки 13 но тоа бил обемен материјал па во следните неколку денови ќе го анализира извештајот.

Апелационите судии не дозволија укинување на притворот ниту за екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.. На почетокот од неделава судот ја одби жалбата со објаснување дека се уше постои опасноста од бегство.. За притворот на Јанева, апелациониот суд ќе расправа и следната недела.. Таа се жали на одлуката од судија на претходна постапка кој не ја прифати гаранцијата од три станови во замена за укинување на притворот.

Инаку кривичниот суд ја отфрли можноста дека од кај нив протекле докази за „Рекет“.. Претседателот на скопска единица, објаснува дека се воведени строги критериуми за пренесување на предметите до обвинителството и апелациониот суд.. Ваквата реакција доаѓа откако вчера беше обелоденето дека непознат маж преку телефон го нудел исказот на Зоки Кичеец.