Македонија
29. July 2019 - 16:07

Бојан Јовановски од притвор пренесен на Клиниката за дигестивна хирургија па повторно вратен во Шутка

Бојан Јовановски попладнево од затворот Шутка заврши на скопските клиники. Боки 13 придружуван од затворската полиција, бил на преглед во амбулантите на Дигестивна хиругија. Според информации на Сител, тој имал проблеми со дигестивниот систем поради претходно направени хируршки интервенции за стеснување на желудникот во приватна болница. Дознаваме дека на абдоменалниот хирург му се пожалил дека повраќа и добил упати за дополнителни дијагностички испитувања. Состојбата на Боки 13 не била загрижувачка и засега според лекарите нема потреба од оперативен третман. По прегледот повторно бил вратен во Шутка. Иако Јовановски поминал низ Ургентниот центар и чекал пред амбулантите на Дигестивна, директорот на оваа клиника не беше запознаен дека Боки 13 бил кај нив.

Јовановски побарал контролниот преглед да биде во приватна болница но судот не му одобрил. Сега повторно треба да чека судско одобрување за медицинските испитувања што ги побарал дигестивниот хирург.

Тој има право како притворено лице да побара и да му биде одобрено да изврши преглед. Во случајот се работи за контрола за закажана операција. Побара прегледот да му биде извршен во приватна болница, но судијата дозволи за државна болница.

Во меѓувреме, поради неплатените здравствени интервенции, во тек е судска постапка каде приватната болница бара од Боки 13 да го врати долгот.