Македонија
8. October 2019 - 8:42

Бојан Јовановски ќе дава исказ за „Рекет“

Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска, по увидот на доказите, треба да даде исказ во Обвинителството.

Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за „перење пари“ и „примање награди“.

Јовановски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор – Скопје. Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.