Loading Video...
Свет
22. February 2021 - 16:34

Боинг повика на приземјување на авионите 777-200

По инцидентот со боинг 777-200 во Денвер американската федерална администрација за воздухопловство нареди итна инспекција на авионите од тој тип. Боинг веќе побара од авиокоманиите да ги приземјат тие авиони. Инцидентот се случи во саботата, кратко откако боингот со 321 патник и 10 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Денвер. Десниот мотор од засега непознати причини се запалил а негови делови почнале да паѓаат врз куќи и полиња. Авионот се вратил назад на аеродромот. Нема повредени. Сличен инцидент со боинг 747-400 се случи и во Холандија.

Италијанскиот амбасадор  во Конго е убиен во  вооружена заседа врз хуманитраниот конвој на ОН  во кој патувал во источниот дел на таа африканска земја. Амбасадорот Лука Атанасио починал од повредите од огнено оружје. Во нападот се убиени уште две лица.  Не е позната причината ниту кој стои зад нападот изјавија властите во Конго.

Министрите за надворшени работи на земјите членки на ЕУ  се договорија за воведување санкции за руски државјани за случајот Навални. На  црната листа се шефот на истражниот комитетет на Русија, шефот на руската управа за извршување казни и командантот на руската гарда.  На нив ќе им биде забранет влез во земјите од ЕУ на една година и нема да може  да чуваат пари во банки во Унијата.

Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека е постигнато привремено, тримесечно решение со иранските власти за надзор  на спроведувањето на меѓународниот договор за иранската нукеларна програма. Од утре агенцијата ќе продложи со инспекциите и надзорот на иранските нуклеарни постројки изјави Рафаел Гроси. Властите во Техеран почнаа да ги занемаруваат обврските од тој  договор, откако САД го напуштија истиот во 2018 година и ги вратија санкциите кон Иран. Администрацијата на Бајден најави враќање во договорот.