Бизнис
20. May 2018 - 17:51

Богов утре заминува, изборот на Бежоска пред пратениците можеби уште утре

Утре Богов заминува од гувренерската позиција на НБРМ.  

Изборот на нов шеф на Центарлната банка според собраниски извори најверојанто би се случил утре по завршување на координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери. Таму партиите ќе одлучуваат дали новиот предлог на претседателот Иванов, Анита Ангеловска - Бежоска да биде идниот гувернер на НБРМ ќе биде ставен на дневен ред.

Дел од универзитетските професори очекуваат дека нема да има проблеми и утре ќе биде избран нов гувернер на НБРМ  затоа што добро е да има континуитет  во работата. Велат дека монетарната политика е стабилна, но ако дојде до поголеми турбуленции, добро е Центрланата банка да има главен човек кој ќе излезе и ќе ја смири ситуацијата.

ТОНСКО- Борче Треневски- универзитетски професор

Бежовска беше предложена од Иванов откако Димитар Богов одлучи да се повлече од кандидатурата.

Овој предлог на претседателот е прифатлив за СДСМ,  од  ДУИ посочја дека својот став ќе го кажат утре на  координацијата.

Ако Бежоска биде избрана за нов гувернер на НБРМ, Македонија од осамостојувањето  за прв пат ќе добие жена шеф на Народната банка.

Првиот човек на Централната банка  го предлага претседателот, за него треба да гласаат 61 пратеник , а мандатото на  гувернерот е седум години.