Бизнис
26. April 2016 - 19:48

Богов: Шпекулациите за девалвација оркестрирани, парите на граѓаните се најсигурни во банките

Нема простор за загриженост. Парите на граѓаните се најсигурни во македонските банки. Гувернерот Димитар Богов во изјава за СИТЕЛ  вели дека во последно време се шират оркестрирани шпекулации  чија цел е да се создаде притисок врз банкарскиот систем, но економските фундаменти во земјава се здрави и сите параметри покажуваат дека не може да дојде до валутна криза односно до девалвација на денарот.

-Обично кога некоја валута се наоѓа под закана, во земјата има платно -  билансна криза. Во Република Макеоднија во последните два месеци имаме вишок во платниот биланс, а во последните пет години имаме исклучително низок дефицит кој е помал од 2% од БДП и кој лесно се покрива дури и при пониско ниво на странски директни инветсиции. Така што целосно се неосновни овие шпелукации, единствено што придизвикуваат е психоза која има за цел создавање на поголема побарувачка и одреден притисок. Но НБРМ има моќни инструменти кои може да ги употреби и да ја стабилизра ситуацијата за кратко време, но во тој случај цената ќе ја платат сите еконсми чионители и таа ќе биде повисока, вели гувернерот Богов.

Заради шпелукациите деновиве има повлекување на помали депозити од банките . Слично било и лани по кумановските настани, но ситауцијата била брзо стабилизирана, а најмногу загубиле граѓаните кои повлекувајќи си ги орочените пари ја изгубиле каматата. НБРМ деновиве регистрира и зголемена побарувачка на евра, но девизниот пазар е стабилен.

-Има зголемена побарувачка за девизи, но девизи има доволно на пазарот. Менувачниците шпекулираат. Секој кој чувствува загриженост ноже слободно во било која банка и без ограничување да си купи девизи колку сака, вели Богов за СИТЕЛ.

Шпекулација е и дека се затвораат вратите на меѓунардоните финансиски институции за земјава. Министерот Ставрески во интервју за ТВ Нова вели дека нема информација дека има каква било резерва од нивна страна во поглед на финансирањето на инвестициските потреби на Македонија.