Богојавленскиот крст во Виница го фати Даниел Манасиев
Дваесет и тригодишниот Даниел Манасиев од Виница годинава по десетти пат скокаше по светиот крст на празникот Водици и по втор пат успеа да го извади од осветените води на Виничка Река. Заедно со него скокнаа уште 15 момчиња, но тој беше најбрз и најснаодлив, па без проблем го фати крстот во студената вода.
Кај месноста Ширината се собраа многу православни верници кои го проследија водосветот и чинот на скокањето во реката, а Манасиев кој е на привремена работа во странство, рече дека големите верски празници ги поминува во родниот крај у ги чествува согласно верувањата и убедувања.
– Сакам да упатам силна порака до младите, да го следат Божјиот пат, бидејќи многумина веќе го напуштија, а лошото однесување не најавува убава иднина. По 2017 година, еве и оваа годинава ми се оствари најголемата желба, соединувањето со Бога преку фаќањето на светиот крст, истакна Манасиев.
Честитки за празникот упатија свештените лица од храмот „Св. Архангел Михаил“, кои Манасиев го даруваа со икона, градоначалникот Ивица Димитров ја продолжи традицијата подарувајќи му лаптоп, а за првпат годинава награда обезбеди и Здружението на занаетчиите од Виница.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово