Богоевски: Вредностите се над функцијата
– Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата.
– Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!, наведе во постот Богоевски.
На денешната седница на собраниската Комисија требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски. Богоевски рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево