Богоевски не сведочеше за „Маџар телеком“, одбраната бара да биде повикан Бучковски
Ексразузнавачот Слободан Богоевски, кој денеска требаше да сведочи за случаjот „Маџар телеком“, не дојде на рочиштето во Кривичниот суд. Тој го известил судот дека е спречен да присуствува на денешното рочиште поради обврски во работна група во Владата.
Неговото сведочење ќе биде дополнително закажано, а денеска бранителот на Атила Сендреи побара да биде сослушан поранешниот премиер Владо Бучковски во чие време е потпишан Протоколот меѓу Владата и Македонски телеком.
– Се наметна неопходна потреба бидејќи е распрашан поранешниот министер за транспорт и врски Џемали Мехази. Обвинителството му поставуваше прашања на поранешниот директор на Одборот на директори Дејан Мицковиќ, а Владо БУчковски како поранешен премиер е потписник на Протколот и заради утврдување на целосната вистина потребно е неговото сведочење, изјави адвокатот Ненад Јанакиевиќ, додавајќи дека во интерес на сите е Бучковски да сведочи пред судот и да ја каже вистината за овој настан.
За ваквото барање на одбраната, специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова ќе се изјасни на следното рочиште.
На почетокот на денешното рочиште по барање на одбраната, кратко беше сослушан Манче Трендафилов, раководител за продажба за деловни корисници во Македонски телеком.
Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Тие се осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода