Свет
18. December 2018 - 11:40

Богдан (15) полетал во смрт од 14 кат додека мајка му го бодрела

Петнаесет годишно момче од Украина починало откако се фрлило од зграда со падобран кој тој сам го направил.

Застрашувачката снимка го прикажува Богдан Фирсов на врвот од зградата како се подготвува за скок од 14-ти спрат, додека куп луѓе стоеле и гледале. Меѓу набљудувачите кои го охрабрувале да скокне, била и неговата мајка

Еден од сведоците вели дека никој од набљудувачите не се обидел да го одврати од намерата или да повика полиција да го спречи да скокне, туку само стоеле и снимале.

Луѓето повеќе не се човечки суштества, тие го загубија сиот разум, рекол тој.

Момчето стоело на работ на покривот на зградата неколку минути, а потоа ги раширило рацете и скокнало. Падобранот не се отворил целосно и од висина од 50 метри паднало на грбот и останало мртово на самото место и тоа пред очите на шокираната мајка.

Експертите велат дека ова била самоубиствена акција, бидејќи и падобранот да се отворел, момчето немало да преживее.

Тие тврдат дека за скок со падобран е потребна најмалку висина од 70 метри, или зграда од 25 спрата, но и тогаш би било ризично.

Иако Богдан имал кацига, а пред зградата имало заштитна подлога, момчето починало на лице место.