Богато семејство бара работници во оглас: Даваат 150.000 долари плата
Богато семејство од Њујорк бара работници, а платата, верувале или не, изнесува дури 150.000 долари. Веројатно се прашувате за каква работа станува збор...
Огласот е објавен на Business Insider преку компанија која бара работници за многу богати семејства кои имаат огромни куќи, приватни авиони и други луксузи.
Во огласот се бараат двајца работници кои ќе се грижат за куќа од 1.787 метри квадратни. Годишната плата ќе биде од 100.000 до 150.000 долари.
Парот кој го објави огласот во него наведува дека од работниците се бара да се грижат за нивната голема куќа, да управуваат со неа, а би работеле само 5 дена во неделата. Потребно е да се чисти, готви, пере, надгледува и слично.
Работата не е воопшто лесна како што навидум изгледа. Работните обврски се доста големи имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема куќа. Но, сепак, платата е навистина голема.
Па, што мислите за оваа работа?
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот