Живот
23. September 2018 - 10:21

Богатата кралица на Снепчет оди на робија: Го наместила убиството на момчето, го снимила како умира и го закачила на интернет

Фатима Кан (21), која сака да се претставува како кралица на Снепчетот, е осудена на 14 години затвор затоа што не само што го организирала, туку и го снимила убиството на своето момче Халид Сафи (18) и видеото го објавила со предупредување „ова е зошто се закачаш со мене“.

Фатима, инаку службеничка, била опседната со фалење по социјалните мрежи, а неколку дена пред да се закачи со Сафи поставила снимки и фотографии од луксузното летување во Катар.

 
Своето момче Сафи, инаку барател на азил од Авганистан, со денови го понижвала, не му одговарала на пораките и го нарекувала пропалица. За да се ослободи од него го ангажирала Раза Кан (19), момче кое било лудо вљубено во неа. На Раза не му било потребно многу убедување. Со денови се допишувале и договориле ден кога Фатима и Сафи ќе седат во кафуле во Норт Ектон во Западен Лондон.
 
Фатима и Сафи седеле во бавчата на кафулето, кога со автомобил дошол Раза Кан и со шрафцигер го избодел Сафи. Наместо да повика итна помош и полиција, го вклучила мобилниот и снимала како момчето лежи на земја и крвари до смрт, а потоа видеото го објавила на интернет со порака „ова се случува кога се закачаш со мене“.

Нејзиниот адвокат на суд во Лондон тврдел дека Фатима е само жртва на двајца мажи кои се бореле за нејзината наклонетост и дека нејзиниот удварач Раза Кан во „мачо лудило“ го нападнал и убил Сафи. наводно, станува збор за борба на двајца мажи околу жена, а на крајот таа излегла виновна.

Што се однесува до снимката, Фатима рекла дека ја закачила зошто е „зависник од Снепчет“, а адвокатот додал дека иако тоа изгледа бесчувствително, за тоа не може да и се суди.

Меѓутоа судот пресуди дека е виновна за организирање убиство.

„Вашето потценување на Халид досегна нечовечко ниво зошто после нападот мирно одевте кон него додека умираше, што е гротесктно. Го снимивте како умира и го фотографиравте, па испративте ужасна порака на своите пријатели на Снепчет. Тешко е да се разбере како може некој да размислува токлку ладнокрвно, сурово и одвратно. Тажан сум што сфатив дека се тотално нечесна и исклучителна манипулаторка“, рече судијата Мајкл Тополски и ја осуди на 14 години затвор.

Полицијата се уште трага по Раза Кан.