Живот
6. May 2016 - 14:41

Богата сум, згодна се дружам со џет-сетот, но тогаш се заљубив во момче од...

Ќе бидам кратка, богата сум, згодна се дружам со џет-сетот, имам 28 години. Така пораснав, се што и да посакав го добивав. На мои 24 години ми се случи да се заљубам во момче од средна класа, возеше половен автомобил, убаво момче, најдобар студент на факултетот за медицина во Белград.
 
 
Го обожував…се додека моите пријатели не почнаа да го исмејуваат. Да го викаат ЈУГО дечко, затоа што возеше југо.
 
Ми беше срам додека излегував со него, едноставно дозволив да ми влезат во главата. Му раскинав со објаснување дека не сме иста класа и дека мене ми треба некој богат затоа што моите пријатели не ме гледаат исто бидејќи сум со него.
 
Ми кажа: “Затоа и сите оценки ми се десетки и давам се од себе за да еден ден на мојата жена и обезбедам се, но залудно е ако нема љубов!”
 
Таа вечер сфатив дека залудно е се што имам кога него го загубив. Се борев и го молев да се смириме, но тој не сакаше. Сега има жена, работи во Чикаго како кардиохирург и има едногодишно дете. А јас сум пропадната богаташка која живее од парите на родителите. Сеуште го сакам!