Македонија
6. July 2016 - 10:59

Богата програма на „Културно лето Новаци 2016“

Уметничката манифестација „Културно лето Новаци 2016“ која традиционално се одржува под покровителство на општина Новаци и Министерството за култура, годинава е со збогатена жанровска понуда.

Од општина Новаци информираат дека освен фолклор, на програмата ќе има и концерти со класична музика, програми за деца, поетски вечери и други манифестации на кои ќе учествуваат гости од државата и странство.

- Во општина Новаци ќе има фолклорна Балканијада на која ќе учествуваатКУД „Љубомир Иванович-Геџа" од Ковачевац-Србија, КУД „Захумље" од Никшиќ-Црна Гора, ансамбл од бугарскиот град Добриниште, КУД „Новаци" од Новаци и ансамблот за фолклор „Гоце Делчев"од Битола. Во Новаци ќе се одржи и концерт на класична музика како и концерт што ќе го приреди виолинистката Пламенка Трајковска, а исто така ќе се одржи и манифестацијата „Книжевни паметења“, најави Елизабета Јончиќ, координатор на манифестацијата „Културно лето Новаци 2016“.

Во рамки на четвртото фестивалско издание, во општина Новаци ќе се одржи и работилница на тема „Моделираме рециклираме” во која ќе бидат вклучени децата од населените места во таа локална самоуправа.