-->
-->
Богата недела со тенис на терените на МТП
-->
На терените на тенискиот клуб МТП во Скопје оваа година по петтипат ќе се одржи турнир на кој воглавно учестуваат тенисери од Македонија. Но, организаторите оваа година подготвија неколку новини, па така турнирот стартуваше денеска со мечевите на јуниорите (играчи до 14 години).
- Оваа година имаме преземено нешто пообемна акција, а се надеваме дека во иднина ќе имаме деца учесници и од други држави. Следниот викенд покрај сениорскиот турнир ќе се одржи и „црвен турнир“ за деца до 10 години. Предвидени се и други настани, како и реванш меч на рекреативци од Белград и од Македонија, изјави еден од организаторите на овој настан Вилма Марковска.
Пријавувањето на главниот (сениорски) турнир е до 1.ноември, а од информацијата од организаторите тоа веќе го имаат направено трикратниот победник Димитар Грабул и шампионот на Македонија за оваа година Горазд Србљак.
Настанот на терените на МТП трае од 28.октомври до 5.ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид