Богата културно-забавна програма овој викенд на „Summerland“
Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, викендов ќе бидат одржани неколку настани и музички перформанси. Вечер, од 19:30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21:00, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.
Во сабота, пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена Јабука“.
Во недела на Школка , од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност