-->
-->
Бодот за Милан го „плати“ Михајловиќ
-->
Рома и Милан одиграа 1:1 во дерби мечот од 19.коло во Серија А. Победи во саботните мечеви , во калчолигата, забележаа уште Карпи и Лацио.
Рома против Милан стигна до предност од првата вистинска прилика, уште во четвртата минута, кога Ридигер со глава погоди по центаршутот на Пјаниќ. Истиот играч од слична ситуација во 20.минута ка погоди гредата и тука Рома застана.
Милан во вториот дел беше апсолутно подобар тим, но успеа само да постигне еден гол. Куцка го совлада Шчесни во 50.минута.
Словачкиот интернационалец по израмнувачкиот гол имаше една стонастотна шанса која не ја искористи, неговото пормашување предизвика жестока реакција кај тренерот Михајловиќ, поради што доби црвен картон.
На другите натпревари Карпи славеше над Удинезе со 3:1, за трет триумф оваа сезона, додека Лацио со 3:1 ја победи Фиорентина во Фиренца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок