Бочварски: Општините сами може да изработат планови за Охридското крајбрежје согласно ГУП-овите и УНЕСКО
Има јасни критериуми и законски процедури како општината може да пристапи кон поставување плажи согласно урбанистички план, доколку тој се наоѓа во рамки на Генералниот урбанистички план. За таквата процедура и постапка, согласно новиот Закон се изработува урбанистички проект, кој не треба да оди во Владата, туку Општината може сама да изработи план и да донесе плански документации согласно ГУП-от и планот за управување со УНЕСКО.
Ова го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во врска со носењето план за управување со Охридското крајбрежје од страна на Агенцијата за просторно планирање, поради што градоначалникот Кирил Пецаков неодамна излезе со обвинување дека тоа е пречка за изградба и давање под концесија на плажите за претстојната туристичка сезона.
Тој нагласи дека општините може сами да си ги изработат тие планови и да донесат такви урбанистичко плански документации. Додаде дека согласно Законот за градежно земјиште за издавање на тие плажи со јавна лицитација и оглас на краткотраен закуп од една до пет години.
– Во однос на урбанистичкиот план за целото крајбрежје, тој се работи во Агенцијата за планирање на просторот, а она што го направивме за доброто на Охрид е обезбедивме 30 милиони денари за изработка на овој урбанистички план. Се изработуваат сите подлоги кои се потребни и Министерството ја предаде постапката во Агенцијата каде се изработува, но и се усогласува со УНЕСКО. Тоа е специфична планска документација која мора дополнително да се усогласи со УНЕСКО и доколку сметаме дека навистина треба да го зачуваме статусот со УНЕСКО таквите документации мора внимателно да се изработат и усогласат, рече Бочварски.
Во однос на различните критериуми на третирање на охридското крајбрежје во делот кај Струга, каде со години функционираат плажи без договори за концесија, тој нагласи дека Министерството не кажува дали некој треба да постави или отстрани плажи, туку води грижа за статусот на УНЕСКО.
– Министерството за траспорт и врски како надлежно за урбанзиацијата заедно со општините мора да водат грижа за статусот на УНЕСКО. Тоа го правиме доколку сме свесни за значењето на УНЕСКО во оваа земја. Доколку државата не е подготвена да го чува и се грижи за тој статус тогаш било кој од овие субјекти правни или институции треба да излезат и да кажат јасно и гласно дали се за или се против одржување на статусот на УНЕСКО во Охрид. Досега не сум чул од ниту една институција, ниту една општина ни Владата дека е подготвена да се откаже од ваквиот статус, подвлече Бочварски.
Доколку Оштина Струга побара поддршка, потенцира дека Владата ќе му помогне да се отстранат оние објекти, кои не се во согласност со статусот со УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Бектеши: Усвоени измените со кои трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници
-
Собранието одржа седум пленарни седници
-
ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии
-
Вархеји: Нема веќе пречки за Северна Македонија, Бугарија го прифати решението
-
Рама: Не е ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот зашто мислиме дека сме најстар народ
-
Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата
-
Јужна Африка: Смртта на тинејџерите поврзана со нешто што јаделе, пиеле или пушеле
-
Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија