Македонија
1. јуни 2023 - 21:27

Бочварски ќе плати 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во штипската болница

Глоба од 150 евра платил министерот за транспорт и врски поради вработувањето на неговата сопруга како доктор во државното здравство.. Антикорупциска го казнила Благој Бочварски бидејќи не пријавил дека таа се вработила во штипската болница. Но освен сопругата, во исто време таму се вработила и балдзата на Бочварски. Двете, биле преземени од приватна болница со работен стаж од неполни три месеци. Истрагата на антикорупциска покажала дека вработувањето на двете штотуку дипломирани докторки го побарало министерството за здравство бидејќи недостасувал кадар во болницата. Со тоа се согласиле министерот за здравстви и фондот, а желба да преминат од приватно во државно здравство имале и докторките. Според антикорупционерите, докторската диплома била предност за трансферот зашто според законот за здравствена заштита за таков кадар не е потребно работно искуство.

Вниманието на антикорупциска им го одвлекла и владина одлука донесена по само неколку недели од вработувањето на сопругата на министерот и неговата сестра. Откако тие почнале во штипската болница, здравствените установи добиле наредба дека кадар може да се преземе сако ако на два објавени огласи нема кандидати за работното место.

Ако сум постапувал незаконски, нека интервернира комисијата за спречување корупција, побара Бочварски.

Пред да стане министер, Бочварски беше градоначалник на Штип. Случајот со вработувањето на сопругата и нејзината сестра го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обвини дека без оглас и стаж се вработиле во штипската болница.