Џет-Сет
6. May 2016 - 13:18

Бобан Рајовиќ: Матео Ковачиќ ми даде бакшиш од 18.500 евра

Црногорскиот фолк-пејач Бобан Рајовиќ во интервју за српскиот портал „Информер“ открива дека фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ му дал голем бакшиш  на една приватна забава.

„Најдобриот бакшиш ми е тој од Матео Ковачиќ, фудбалерот на Реал Мадрид. Тој ми даде 18.500 евра. Кога би имало повеќе такви вечери, не знам дали би се вратил да пејам по дискотеки. Бакшишот беше толку сладок бидејќи никој не забележи дека ми дава пари, бидејќи тој ги стави во мојот џеп“, заклучува Рајовиќ.