-->
-->
Бобан назначен советник за Инфантино
-->
Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Звонимир Бобан е назначен за специјален советник на Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино.
Бобан е поранешен играч на Динамо и Милан, а по завршување на професионалната кариера работеше како спортски аналитичар.
Тој беше член на младите репрезентацијата на Југославија, која стана светски шампион на Мундијалот во Чиле 1987, а со Хрватска во 1998 на Светското првенство во Франција го освои третото место.
За поранешната југословенската репрезентација одигра седум натпревари и постигна еден гол, додека за Хрватска одигра 51 пати и постигна 12 погодоци.
Со Милан освои четири титули во Серија А, како и трофејот во Лигата на шампионите во 1994 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња