Бобан Илиќ спроведен во притвор до правосилност на пресудата
Основниот суд во Куманово на барање на надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство му определи мерка притвор на Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Како што соопшти прес-службата на ОЈО Куманово, надлежен јавен обвинител од ова обвинителство до Основниот суд Куманово достави Предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 ст. 2 во врска со член 297 ст. 1 од Кривичниот законик.
- Обвинителот побара лицето да биде задржано во притвор до правосилноста на пресудата, со цел да се обезбеди неговото присуство. Кривичниот совет на Основниот суд Куманово го прифати предлогот и определи мерка притвор за обвинетото лице, се наведува во соопштението од ОЈО КУманово.
Основниот суд Куманово во четвртокот ја објави пресудата во „случајот Алмир“ и првообвинетиот Бобан Илиќ го прогласи за виновен за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и имотот и му одреди казна затвор од шест години. Судот за виновен го прогласи и второбвинетиот Седат Алиу, таткото на Алмир, определувајќи му казна затвор од шест месеци. По девет месеци затвор, за сторено кривично дело насилство, добија трето и четвртообвинетите Сами Демири и Абдула Алиу.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација