Фудбал
26. April 2018 - 19:39

Боатенг нема да игра на мундијалот во Русија?!

ером Боатенг поради повреда не го одигра до крај синоќешниот натпревар на Баерн против Реал (1:2), а во четвртокот „Билд“ и „Кикер“, објавија дека рехабилитацијата ќе трае помеѓу четири и шест недели.

Доколку прогонозите се точни, тогаш Ботаенг ја заврши клупската сезона, во која Баерн веќе ја освои титулата, а на 19 мај ќе го игра финалето на Купот.

Она што повеќе ги загрижува Германците е веројатноста дека тој ќе го пропуши Светското првенство во Русија каде Германија ќе ја брани титулата.

Националните сојузи до 14 мај мора да ги достават пошироките списоци од 35 фудбалери, а конечните списоци од 23 играчи треба да бидат доставени до 4 јуни.

Актуелниот светски првак, Германија, подготовките за Мундијалот ќе ги почне на 23 мај во Италија.