Македонија
17. March 2017 - 15:37

БМВ се заби во камион на патот Струга-Дебар

Во 16 часот и 20 минути на регионалниот пат Струга – Дебар, во селото Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ“ со австриски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот С.П. од селото Добовјани и камион-Влекач „Ман“ со охридски регистарски ознаки,  управуван од 35-годишниот Л.Ј. од селото Делогожда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле 52-годишниотШ.О. од Охрид и  80-годишната Е.И. од селото Велешта, сопатниците во возилото марка „БМВ“.

 В.П. (25) и К.П. (18), двајцата од селото Добовјани, се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, но поради сериозноста на повредите Ш.О. и Е.И. се пренесени во болницата Св.Еразмо Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Струга.