-->
-->
БМВ повлекува околу 1,6 милион возила поради ризик од пожар
-->
Германскиот производувач на автомобили БМВ (BMW) повлекува околу 1,6 милион дизел-возила во Европа и Азија заради потенцијална опасност од пожар во нивните мотори.
Повлекувањето доаѓа по истрагата на БМВ, со која е откриено дека течноста за ладење на моторот може да истече од единицата за рециркулација на издувните гасови. Дефектот може да доведе до фрлање искри во текот на возењето, а во „екстремни случаи” и да предизвика пожар, соопшти компанијата.
Се повлекуваат возилата со четирицилиндрични и шестцилиндрични мотори, произведени помеѓу 2010 и 2017 година, прецизираа од БМВ.
Компанијата соопшти дека ќе изврши тестирање и по потреба ќе ги замени компонентите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата