Loading Video...
Кошарка
14. April 2018 - 16:23
Блокотехна остана без финале во БИБЛ лигата
Единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата, гевгелиска Блокотехна не успеа да обезбеди пласман во финалето.
Блокотехна е поразена во полуфиналето на завршниот Фајнал_фор турнир што се одржува во Самоков од бугарската екипа Левски Лукоил со 81-85.
Повредите со кои се соочи тренерот Марјан Илиевски последниот период си го направија своето бидејќи на Блокотехна и беше скратен ростерот. Бенџамин играше со повреда на рамото, од клупата влегоа само тројца кошарка и тие вкупно постигнаа четири поени.
Шакир Смит со 21 поени беше најпрецизен кај македонскиот претставник, Горан Главчев постигна 19 поени, додека Марјан Младеновиќ и Данило Мијатовиќ беа стрелци на 16 односно на 14 поени.
Утре во утешното „мало финале“ односно дуелот за 3.место Блокотехна ќе игра против поразениот тим од второто полуфинале во кое се среќаваат домаќинот на турнирот Рилски Спортист и екипата на Башкими .
-->
-->