Свет
12. September 2017 - 22:00

Блокирана катедралата „Саграда фамилија“ во Барселона поради сомнително возило

Шпанската полиција ја опколи вечерва познатата катедрала „Саграда фамилија“ во Барселона, а блиската метро станица е затворена поради антитерористичка операција.

Блокирани се неколку улици околу туристичката атракција, а полицијата ја евакуира катедралата.

Како што соопшти полицијата, забележано е сомнително возило, паркирано комбе во близина на катедралата, а на местото се наоѓаат експертски екипи за деактивирање на експлозиви.

Минатиот месец во напад во Барселона загинаа 16 лица, а 130 се повредени.

Исламистите тврдеа дека цел на тогашниот напад била токму „Саграда фамилија“.