Македонија
22. February 2017 - 23:31

Блокирана „Илинденска“, полицијата врши увид по сообраќајната несреќа

Вечерва околу 22 часот на булеварот Илинденска, во непосредна близина на Владата на РМ се случи сообраќајна незгода во која учестуваа две возила.

Засега нема информации за повредени во оваа сообраќајка, но судејќи според фотографии од репортерите на Сител, кај возилата е причинета материјална штета.

Полицијата врши увид на местото на незгодата.