Блокиран транспортот на смет до депонијата Русино
Под мотото „Стоп за депонијата Русино“, стотина жители на Гостивар и околните села одржаа протестен собир и го блокираа транспортот на комунален смет до регионалната депонија Русино, кај месноста Сушички мост.
Граѓаните кои го попречија патот со возила и жив штит рекоа дека од несоответното депонирање на смет, трпат штети и се соочени со закани по нивниото здравје и животната околина. Тие, како што посочија со баракади од автомобили ќе го запрат движењето на камионите со отпад кон депонијата Русино на неопределно време.
- Сметот се истура покрај патот, а потоа завршува по нивите, реките и во потоците во овој крај. Цела природа ни е уништена, а земјоделието трпи штети од ваквото однесување. Бараме да се изнајде соодветно решение, со фабрика за рециклажа и според европските стандарди, истакнаа од Организацискиот одбор на протесот.
Според нив, сметот се фрла и долж патот додека се транспортира до депонијата. На локацијата Русино, шест општини од полошкиот регион го депонираат комуналниот смет.
Депонирањето на сметот во еден од најнаселните региони во змејава се уште е горливо прашање.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак