Блокиран патот Кочани – Делчево од одрони од камења
Одрони од камења и земја на десеттина места од претпладнево го блокираат коловозот на магистралниот патен правец Кочани – Делчево, поради што е отежнато одвивањето на сообраќајот.
Најголеми проблеми за возачите, кои предупредија на опасноста, создаваат поголеми камени блокови на неколку километри од излезот на селото Истибања, поради што е неопходна голема внимателност за да се избегнат можните незгоди.
– На една од кривините кај Истибања асфалтот е целосно прекриен со камења, поради што сме принудени со возилата да ги обиколуваме преку земјената површина во близина на реката Брегалница. Сепак, потешките камиони и автобусите тоа можат потешко да го направат, поради што возачите треба да внимаваат, особено во попладневните и вечерните часови, истакна Тодор Симеонов, возач од Кочани.
Одроните на патниот правец од Кочани кон Делчево се чести и се предизвикани од интензивните врнежи од дожд и зголемената влажност на почвата.
Во официјалното известување од Авто-мото сојузот се препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата поради влага на коловозот и одрони на оваа делница од магистралниот пат А3, како и на патниот правец од Виница кон Берово.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот