Бизнис
12. April 2018 - 19:49

Блок трансакциите ја раздвижија Mакедонската берза, за 3 месеци истргувани акции вредни 72 милиони евра

По политичката криза  раздвижување на македонската берза. Довербата на инвеститорите полека се враќа. Во првите три  месеци од годинава на берзата се истргувале 72 милиони евра ,320 отсто повеќе од истиот период лани. Главно блок транскациите го движат прометот, но раст има и кај тргувањето со акции. Солиден раст има и кај пазарната капитализација. Во првите три месеци од гоиднава достигнала 2,3 милијарди евра или 16 отсто повеќе од истиот период лани.

Индексот на МБИ 10 пораснал за 23 отсто.

Бројот на трансакции  годинава во однос на лани е зголемен за 34 проценти.

Иако минататa година не била најдобра за берзата со добра работа можат да се пофалат банкарите и фармацевската индсутрија.  Најголем пад пак имало во градежништвото но лошо работеле и индустријата земјоделието и трговијата. 7 од 8 котирани банки лани оствариле добивка од 93 милиони евра или 8,34 проценти повеќе од 2016. Фармацевските компаниите пак направиле профит од 15 милиони евра 11 проценти повеќе од претходната година.

Во секторот кој долги години беше  главен двигател на домашната економија  поради стопирање на градежните активности регистриран е пад на нето добивка од близу 70 отсто. А во земјоделствотот и трговијата намалувањето е за 14 проценти.

10 најуспешни компании на берзата во 2017 оствариле за 6 проценти поголема нето добивка од 2016.

Најголем подем финансискиот пазра на капитал достигнал во 2008 година но со глобалнатаекономска криза драстично се намалија индексите.