Македонија
26. јуни 2018 - 10:49

Блок: Се надевам на одлука за преговори со Македонија и Албанија

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок денеска пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург изрази надеж дека ќе биде дадено зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.  

- Се надевам дека денеска ќе можеме да донесеме одлука за почеток на преговорите со двете земји. Двете земји направија напредок, важен напредок поврзан со владеењето на правото и борбата против корупцијата, но во исто време се уште не се стигнати до целта. Секоја земја има свои постигнувања, но многу е важно земјите да покажат резултати во овие полиња, изјави шефот на дипломатијата на Холандија, Стеф Блок.