Македонија
13. December 2015 - 17:23

Близу 4000 идеи дале граѓаните за изготвување на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ

Близу 4.000 идеи доставиле граѓаните до ВМРО – ДПМНЕ пред престојните парламентарни избори.  Како што соопштуваат од партијата, најголем дел од нив се за зголемување на вработеноста, за инфраструктурни , комунални и економски проекти, но доста предлози има и од областа на образованието , здравството и за земјоделието.

Повеќето околу 2.730 се собрани од штандовите во општините , а 1.160 идеи се добиени по електрински пат.

Од партијата потенцираат дека сите предлози и идеи  ќе бидат детално разгледани , а голем дел од нив ќе бидат ставени во нивната програмата  за престоните избори.

- Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и ги охрабруваме сите граѓани на Република Македонија да даваат свои предлози и да бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и сами да ја креираат својата иднина, бидејќи и досега идеи и предлози на граѓани биле преточувани во проекти и мерки со кои диретно се помагало на одредени категории на граѓани, подобрувал стандардот или се зголемувал бенефитот на сите граѓани на Република Македонија, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Четири тима составени од високи партиски функционери и експерти ги посетуваат општините и преку трибини разговараат со граѓаните за нивните предлози.  Кампањата почна на 18 ноември во Прилеп  и континуирано трае 24 дена. Досега се одржани 16 трибини на повеќе места.