Близу 200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје, пронајдена и дрога
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
При контролата, како што информираат од МВР, откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 07/08.09.2019 во времето од 19:30 до 01:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 36 возачи. Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.
Ноќеска во 01:00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та