Блинкен вети дека американската поддршка за Украина ќе продолжи и во текот на зимата
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети на Украина дека американската поддршка ќе продолжи и зимава.
Блинкен имаше средба со Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во сите наши разговори со украинската влада нагласивме дека ќе продолжиме да стоиме на нивна страна“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Блинкен разговараше со Јермак за мерките што може да се преземат заедно со Украина за зајакнување на нејзината инфраструктура во пресрет на зимата.
Се разбира, минатата зима дознавме дека Русија се обидува да уништи енергетски локации во Украина. Тие би можеле да се обидат да го сторат тоа повторно“, рече Милер.
На социјалната мрежа X, Јермак напиша дека му се заблагодарува на Блинкен за американската поддршка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати