Балкан
30. September 2017 - 8:56

„Блиц": СНС предлага жена за градоначалник на Белград

 Српската напредна партија ќе предложи жена кандидат за градоначалник на Белград, пишува „Блиц“, повикувајќи се на сознанија од врвот на партијата.

- Веројатно тоа ќе биде некоја непартиска личност, изјави извор за „Блиц“, додавајќи дека е тоа најизвесна опција, а со кандидатката ќе настапи и тим кој ќе биде на листата на СНС.
 
Од имињата на листата, „Блиц" ги спомнува само Никола Селаковиќ и Марко Ѓуриќ.

- Подготвуваме програма во која ќе ја претставиме нашата визија за Белград и конкретните планови за главниот град на Србија во следниот период, така што, подготвени ќе влеземе во трката за главниот град, изјави истиот извор за „Блиц“