„Блиц“: Постојат докази за злосторства на 160 припадници на ОВК
Повеќе од 160 лица од албанска националност се обвинети за воени злосторства на Косов во српското Обвинителство за воени злосторства, пишува денеска весникот „Блиц“.
Станува збор за припадници на ОВК, кои се осомничени за злосторства врз српско и неалбанско население за време на судирите на Косово од крајот на 1997 година до завршувањето на НАТО бомбардирањето во 1999 година.
Истраги во Србија се водат против Хашим Тачи, сегашниот косовски претседател и Рамуш Харадинај. Весникот наведува дека освен нив под сомнение се и Агим Чеку, командант на ОВК, братот на Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, Сулејман Селими, Фатмир Лимај, Харадин Баљај, Љах Брахимај, Јакуп Красниќи, Нуредин Баљај, Сулејман Селими, Азем Суња, Сахит Јаша...
Тачи е познат како предводник на дреничката група, која функционирала како дел на ОВК, а потоа и како криминален клан, пишува „Блиц“, додавајќи дека исто е и со Харадинај, кој бил водач на метохиската група.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО