Живот
17. April 2019 - 14:33

Блиц: Откриено како девојките влегуваат во елитната проституција во Србија

Михаил Максимовиќ во последните години сериозно ја развил својата мрежа на проституција за да остане недопирлив доколку некоја од проститутките која работи за него биде упасена, за што сведочи фактот дека на сите начини се обидувал да избегне средба со проститутките.

Како што кажал извор запознаен со истрага против макрото, девојките кои сакале да се влезат во елитната проституција и да работат за него ретко кога имале контакт со Максимовиќ. Всушност, до него доаѓале само најдобрите, по препорака на жена со која соработувал.

- Таа жена е долго во бизнисот со проститутки. Таа ги бира, таа им дава работа. Девојките не можат да отидат кај Максимовиќ и да барат да ги вработи, се оди преку негова соработничка - вели изворот за Блиц.

Две девојки кои работеле за уапсениот макро Михаил Максимовиќ одлучиле да соработуваат со полицијата и со тоа добиле статус на заштитени сведоци.

Тие се уапсени поради нудење сексуални услуги на турски државјани во еден белградски хотел. По ова, тие одлучиле да сведочат против Максимовиќ и неговиот брат кои ги подведувале.

Братот на Максимовиќ

Во своите изјави тие изјавиле дека Максимовиќ и неговиот брат психички ги малтретирале, ги терале да трошат голема сума на пари за вградување на силикони, одење на тренинг и преглед на гинеколог на свој трошок.

После овие нивни сведочења, девојките за кои се сомнева дека биле жртви на трговија со луѓе, точно е дека се сексуално експлоатирани, па добиле статус на заштитени сведоци.

Според неофицијалните информации, тие не припаѓаат на групата старлети, пејачки, ѕвезди од реални шоуа  и останати девојки кои Максимовиќ ги подведувал и тоа по цена од 150 до 500 евра за час.

Инаку на девојките им припаѓа половина од договорената сума, додека остатокот припаѓал на Максимовиќ.

Максимовиќ кој важи за еден од главните макроа и порано е осудуван за подведување на девојки. По апсењето во 2014. кога во неговиот автомобил е пронајден список со девојки кои работеле за него, како и клиенти осуден е на условна казна од десет месеци затвор со рок на траење од три години и парична казна од 120.000 динари.

Сега за разлика од тогаш, Максимовиќ и неговиот брат се наоѓаат во многу поголем проблем, бидејќите девојките одлучиле да соработуваат со полицијата.

Максимовиќ инаку работел така што имал каталог со по четири фотографии од девојките кои ги нуди.

На две фотографии девојките се голи, на едната се гледаат нејзините интимни делови од телото, а на едната како изгледаат дотерани и облечени.

Клиентите меѓу кои има и познати личности после прегледувањето на каталогот бирале девојка и договарале состанок во некој од изнајмените станови или хотели. По состанокот, девојките веднаш го добивале својот дел.