Живот
19. March 2016 - 18:19

Блеска на сцената: Мартија одушеви со нови два беспрекорни настапи во „Пинкови ѕвездички“

Уште од самиот почеток на ова натпреварување нашите Македонки се истакнаа како едни од најдобрите вокали на оваа сезона. Меѓу нив е и одличната Мартија Станојковиќ од Куманово која веќе неколку пати ни го одземала здивот со своите феноменални настапи.

Во овој круг од натпреварувањето Мартија ja отпеа „Make it rain”, а на жирито му беа потребни само неколку секунди за да се ги подигне своите столови.

Додека пак со втората композиција „Тешко без тебе” на Тамара Тодевска, Мартија само уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите вокали кои се појавиле во оваа сезона, а и во целото шоу воопшто.

Жирито не ги криеше своите симпатии кон двата настапи на беспрекорната Мартија, делејќи само пофални зборови и извикувајќи звуци на возбуда и одобрување. На крајот Мартија доби стоечка овација од сите членови на жирито кои не можеа да ги задржат своите импресии.

Со пет подигнати столови и лавина од позитивни коментари таа обезбеди директен пласман во седмиот круг, а таму останува повторно да изненади со настап кој ќе се памети, бидејќи  повеќе од јасно е дека пред неа претстои блескава кариера.