Фудбал
21. December 2015 - 10:21

Блатер и Платини суспендирани на по осум години

 
 Етичкиот комитет на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендира претседателот во заминување Сеп Блатер и првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини на по осум години.
 
Блатер и Платини се казнети поради тоа што претседателот на ФИФА му плати на Французинот во 2011 година два милиони швајцарски франци за советодавни услуги на основ на усмен договор.
 
Воедно, Блатер мора да плати казна од 50 илјади, а Платини од 80 илјади франци.