Бламирање со математичка задача стана интернет хит
На интернет секојдневно се објавуваат илјадници видео снимки, но една, на која момче и поставува „математичка загатка“ на неговата девојка, стана вистински хит.
- Постариот брат има четири години. Неговиот помлад брат е двојно помлад, што значи дека има две години. Колку години ќе има помладиот брат, кога постариот ќе има 100, гласи задачата за која девојката никако не можела да го „открие“ точниот одговор.
Таа прво е уверена дека одговорот е „50 години“, но нејзиното момче во видеото упорно ја тера повторно да размисли.
По долгото рамислување на девојката, момчето на крајот сепак и „открива“ каде погрешила.
- Помладиот брат ќе има 98 години, затоа што е две години помлад од постариот брат, кој има 100, и вели тој, по што таа во почетокот е уверена дека тоа „нема логика“.
Видеото на Јутјуб досега има над 1,5 милиони прегледи.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право