Балкан
24. January 2017 - 16:45

Бламажата на српски Курир за приказната на наводниот поранешен министер, сега бездомник, ја разоткри Блиц

Лажната приказна на наводниот поранешен министер, сега бездомник, што ја објави српскиот дневен весник „Kурир“, чиј сопственик - медиумската куќа „Адрија медија груп“ неодамна го купи и македонскиот весник близок до СДСМ - „Слободен печат“, стана хит во соседна Србија.

Спектакуларната информација на Курир во која тврдешеи дека поранешен српски министер за образование е бездомник на улица, се покажа како тотална измислица, што разоткрија српските медиуми. Најпрвин Блиц, а потоа и останатите медиуми.

Информацијата за Слободан Вуксановиќ екс министер во владата на Воислав Kоштуница беше објавен со наслов „Шокантно! поранешен министер бездомник: лекарите го тргнале од улица да не се смрзне“. Но, бламажата на српски курир за кратко ја разоткри српски блиц, кој го посетил приватниот Факултет за применет менаџмент, економија и финансии каде што ексминистерот си ја извршува професорската работа и живее сосема нормален живот, па дури присуствувале и на негово предавање.

Вуксановиќ на српските новинари им изјавил дека  не го чуди оти во време на предизборие секогаш се лансираат разноразни приказни.

Инаку српски Курир и е познат и на македонската јавност, особено по скандалозно лажните и измислени вести за Никола Груевски што ги пласира на својата интернет-верзија, а потоа обично ги преземаа медиумските подружници на Сорос во Македонија, како „Плус инфо“.

Меѓу неколкуте примери се и оние веднаш по изборите на 11 декември, кога Српски Курир објави вест:  „Груевски во паника - функционери на партијата бегаат кај Заев“.Слични лазжи вести беа објавувани и во предизборието, од типот дека Груевски ја продава Македонија за да остане на власт. Инаку, неодамна сопственикот на „Kурир“ стана газда и на „Слободен печат“.