Loading Video...
Фудбал
31. July 2019 - 14:33

Бламажата на Шкендија и срамниот потег на Ибраими причина за „реконструкција“ во тетовскиот клуб

По елиминацијата во Лигата на шампионите и тоа првата рунда, но и елиминацијата во Лига Европа, екипата на Шкендија, речи да направи промени во својот тим.  
 
Тетовци иако одиграа нерешено на гостувањето во Луксембург кај Дуделанж 1-1, сепак тоа е не беше недоволно да се мине во следната фаза на Лига Европа. 
 
Покрај головите мечот го одбележа големата нервоза на фудбалерите на Шкендија, па на крајот тетовци го завршија мечот со дури три црвени картони. 
 
Но. Најсрамен беше потегот на Агим Ибраими, кој по одлуката судијата за овој старт да го исклучи Нафиу, незадоволен од истата Ибраими му се внесе во лице на судијата,. По што заработи жолт, а откако го удри со глава и црвен картон.
 
Едно е јасно дека Ибраими заборави дека ова е меч од Лигата на шампионите, а не дуел од домашното првенство во кое ваквите неспортски и пред се нецивилизирани реакции честопати минуваат не санкционирани од нашите судии. Но. Во Европа тоа сигурно нема да боде случај, па сигурно Ибраими и Шкендија ќе заработат драконски казни од дисциплинците на УЕФА.
 
Како што пренесуваат медиумите на албански јазик веќе се подготвува и голема реконструкција во тимот.
 
Имено по бламажата која ја доживеа Шкендија на европската сцена, сопственикот на клубот Лазим Дестани, би го довел екс-репрезентативец на Албанија Лорик Цана, најверојатно на претседателското место или функцијата спортски директор, а не е исклучено и заминување на Ќатип Османи од тренерското место.