Македонија
3. October 2022 - 16:47

Бизнисот и даде на владата рок до среда - Ако нема мерки ќе затвориме

Ако до среда Владата не донесе конкретни мерки за помош, компаниите ќе почнат да ги затвораат капацитетите.

Стопанската комора предупредува дека сметките за струја зголемени и за 6 пати го доведоа стопанството во многу тешка состојба. Процесот на отпуштање работници, намалување на производството и затворање на капацитетите е веќе почнат, но тоа може да ескалира следните два месеци кога ќе   се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година. Од стопанската комора потенцираат дека сите компании од регионот и пошироко добиваат помош од државата, додека македонските фирми се оставени сами да се снаоѓаат.

Премиерот Ковачевски вели дека ја разбира тешката состојба во која се наоѓаат комапниите, но државата се уште нема  договор за снабдување со гас од Србија, нема ниту детали дали земјата ќе добива струја од Бугарија и Турција.

И вицепремиерот Битиќи без детали, од кои земји и по која цена Македонија ќе добива струја за да му помогне на стопанството. Вели дека во погон се ставени и сите домашни капацитети, но тие се стари и за да ја издржат зимата ќе ни треба повеќе среќа изјави Димитар Ковачевски

Иско беа најавени за претходната недела, Владата се уште ги крои мерките со кои треба да им помогне на фимрите и граѓаните да ја пребродат енергетската криза. Премиерот Ковачевски цвели дека конкретна помош ќе има само за социјално ранливите категории граѓани, бидејќи останатите граѓаните веќе добиваат субвенционирана струја, поканчени се пензиите и платете во одредени сектори, а маржите на основните прехрамбени производи остануваат замрзнати до крајот на годината изјави  Фатмир Битиќи.