Бизнис
28. November 2022 - 20:00

Бизнисот чека јасен план - Каква даночна реформа ќе има од нова година?

Бизнисот во неизвесност – Кои нови  даноци за еден месец ќе се донесат, за кои производи ќе се зголеми ДДВ од 5 на 18%  и со колку пари ќе се помагаат фирмите за енергетската криза. Овој месец цените за набавка на струја ќе им бидат двојно повисоки отколку во октомви. Затоа велат – прашање на време е до кога ќе можат да го издржат товарот.

Комората бараше даночен календар кој ќе значи 6 месеци пред стапување на сила на нови даноци да бидеме информирани. Денеска цените на стријата се за 70% повисоки од вчера, за утре најавата е дека ќе биде уште поскапа.

Затоа бизнисот апелира - Владата да преиспита дали е сега време за нови даноци, изјави Анетра Трајковска, Стопанска Комора

Од власта велат – Се уште се анализира  кои и  колку производи ќе се даночат со повиски стапки, а кои нови даноци ќе се воведуваат. Сепак, велат дека ќе се зајакнува финансиката дисциплина и ќе се воведат механизми за полесно справување со сивата економија. 

Министерот за финансии кога го презентирапше предлог  буџетот изјави дека не се знае дали ќе се врати прогресивниот данок од 1 јануари. Вчера пак, во интервју Бесими покрај проширување на даночната основа и ревидирање на даночните ослободувања, спомена и корекција кај данокот на добивка и данокот на личен доход,.